Опис

MUCOPLANT – бршлен

Состав:

Екстрактот одговорен за делување се добива од листовите на бршлен. Содржат 2,5- 6% тритерпенски сапонини кои се секундарни растителни супстанции. Тие се: херакозид Ц и Б, како и алфа хедерин кои играат важна улога во поглед на делувањето. Во листот на бршлен застапени се: флавоноиди, деривати на кафеична киселина и етерични масла.
Супстанциите содржани во екстрактот од бршлен имаат експекторирантно дејство засновано на секретолиза и муколиза. Со надразнување на парасимпатичните аферентни нервни влакна во желудникот доаѓа до рефлексна стимулација на пехарестите клетки во бронхиите. Како резултат на ова доаѓа до зголемено создавање секрет и намалување на вискозноста на слузта (секретолиза).
Од друга страна се намалува површинската напнатост на густата слуз и на тој начин истата се разредува (муколиза). Со намалување на вискозноста на слузта таа се разредува и полесно може да се искашла. Алфа хедеринот со стимулација на бета-2-адренергични рецептори во белите дробови доведува до опуштање на мускулите на бронхиите (бронхоспазмолиза).

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

 Сирупот Мукоплант бршлен е лек со хербален состав кој
се употребува за искашлување (експекторанс) во случај на продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и кај деца од 2 годишна возраст.

Го раствора секретот
Го олеснува искашлувањето (го помага излачувањето на секретот од дишните патишта). Активна супстанција во 100 ml сируп: сув екстракт од лист од бршлен
(Hedera helix L. folium) (4-8:1) 154 mg

Средство за екстракција: етанол 30% (m/m). Помошни супстанции: калиум сорбат; хидроксиетил целулоза; арома – црна рибизла; малтитол, раствор (Е 965); анхидрид на лимонска киселина; вода, прочистена.

Помошни супстанции со познато дејство:
1 ml од лекот соржи 400 mg малтитол, раствор.

Кафеавкасто-жолт, малку заматен сируп за перорална употреба, со карактеристичен мирис (рибизла).

Употреба

Возрасни, адолесценти и деца над 12 години 20 ml (2 x 10 ml) три пати на ден.

Деца помеѓу 6-12 години 15 ml три пати на ден.

Деца помеѓу 2-5 години 7,5 ml три пати на ден.

 

Дополнителни информации

Brand

Dr.THAIS

Рецензии

Сеуште нема препораки.


Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.