Опис

MUCOPLANT -ТЕГАВЕЦ

       Состав:

Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица содржи шеќер (глукоза, фруктоза) и етанол (алкохол).

Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица содржи до 5,48 g мешавина од фруктоза и глукоза и до 4,35 g сахароза во една доза (15 ml).
Ова треба да се земе во предвид кај паценти со дијабетес мелитус. Лекот содржи 1,6 V % етанол (алкохол), т.е. до
190 mg во една доза (15 ml) или еквивалентно со 4,8 ml пиво или 2 ml вино во една доза (15 ml). Штетно е за луѓе кои се зависни од алкохол.

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

Сирупот Мукоплант тегавец, против кашлица е традиционален хербален лек кој формира заштититен филм врз слузницата на устата и грлото и ја ублажува иритацијата и воспалението (демулсент). Се користи за симптоматски третман на иритации на устата или грлото придружени со сува кашлица.
Фармакотерапевтска група: препарати за кашлица и настинка, други препарати за настинка.
*Активна супстанција е течен екстракт од лист од тегавец.
Секој ml од сирупот содржи 64 mg течен екстракт од лист од тегавец (Plantaginis lanceolatae folium extractum fluidum (1:1) 5 g/100 g.
Средство за екстракција: етанол 20% (m/m).
* Помошни супстанции се сируп од шеќерна репка, шеќер (сируп од инвертен шеќер), мед, калиум сорбат, етерично масло од питомо нане, вода, прочистена.

 Употреба

Препорачанa дозa

Адолесценти (12-18 години), возрасни и стари лица
15 ml сируп (1 супена лажица) 3 до 4 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 45-60 ml).

Педијатриска популација

Деца помеѓу 5-11 години
15 ml сируп (1 супена лажица) 2 до 3 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 30-45 ml).

Деца помеѓу 3-4 години
10 ml сируп (2 чајни лажици) 2 до 3 пати на ден во еднакви интервали помеѓу дозите (вкупната дневна доза е 20-30 ml).

 

Дополнителни информации

Brand

Dr.THAIS

Рецензии

Сеуште нема препораки.


Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.