Опис

ДИАСТОП ПРОБИО  

Состав

Диастоп Пробио е пробиотик кој содржи четири вида млечнокиселински бактерии:

  • Lactobacillus acidophilus LA-5тм;
  • Streptococcus thermophilus STY-31тм;
  • Bifidobacterium BB-12тм;
  • Lactobacillus delbrueckii LBY-27тм.

Фармацевтска форма

Капсула, тврда

Дејство

Млечнокиселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, за имунолошкиот систем и за перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии.

Употреба

Капсулите Диастоп Пробио се користат за превенција и за дополнително лекување пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни нарушувања кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора. Такви состојби се:

  • бактериски и вирусни желудочно-цревни инфекции кај доенчиња, деца и кај возрасни (на пр. ротавирусни инфекции, пролив кој се појавува при патување);
  • лекување со антибиотици со широк спектар и со хемотерапевтици;
  • зрачење на абдоминалните и на карличните органи.

Пакување

10 капсули

Регулаторен статус

Граничен производ

 незаштитени трговски марки на Chr. Hansen A/S

(патување) (travelset)

 

 

 

 

Дополнителни информации

Brand

ALAKLOID

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.