Опис

Остео К2

 Состав:

OsteoK2  е единствена формулација која покрај калциум и витамин D3 содржи MenaQ7TM, патентиран  екстракт од јапонска ферментирана соја Natto, којшто содржи најголема количина на природен витамин К2. Калциумот е минерал неопходен за раст и зацврстување на коските, а витаминот D3 овозможува ресорпција на калциумот од цревата.

една таблета содржи 200 mg калциум, 22.5 µg витамин К2 (MenaQ7TM), 2.5 µg витамин D3 (100 IU)

Фармацевтска форма

таблета

 Дејство

 Улогата на витаминот К2 во одржување на здравјето на коските, но и на крвните садови проучувана е во текот на последните две децении. Познато е и докажано дека витаминот К2  е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и неговото потполно вградување во коските. Витаминот К2 спречува создавање на калцификати во крвните садови, ʼрскавицата и меките ткива, кои во најголема мера настануваат кај лица кои континуирано земаат суплементи со калциум и витамин D3. Витаминот К2 е неопходен за активација на протеините потребни за врзување на калциумот и негово правилно искористување – Osteokalcin и MatrixGla протеини. Доколку овие протеини не се активирани не можат да го врзат калциумот. Витаминот К2 делува како кофактор во процесот на активација  на протеинот Osteokalcin кој го врзува калциумот и потполно го вградува во хидроксиапатит-неоргански матрикс на коските. Додека активираниот MatrixGla протеин го врзува калциумот и го чисти од крвните садови и меките ткива. OsteoK2  се препорачува на сите лица во средно и старо животно доба, посебно кај жените, за цврсти и здрави коски и здрави крвни садови.

 Употреба

возрасни-препорачан дневен внес е две таблети дневно, таблетите да се проголтаат со чаша вода за време оброк

Пакување: 60 таблети

Дополнителни информации

Brand

PHARMA NOVA

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.