Опис

Една капсула BILOBIL FORTE содржи 80 mg стандардизиран сув екстракт од листот на гинко ( Ginko bilobae folii extractum siccum) со најмалку 19,2 mg гинкго флавоно гликозиди и 4,8 mg терпенски лактони (гинколиди, билобалиди).

20 капсули

Употреба

Билобил форте капсулите се препорачуваат при пореметена мозочна циркулација и функција (синдром на деменција при примарна дегенеративна деменција, при васкуларна деменција или при комбинирана форма од двете), а се манифестира како:

  • Намалено помнење и намален интелектуален капацитет
  • Нерасположеност и чуство на страв
  • Вртоглавица
  • Зуење во ушите
  • Главоболка и несоница

И при почетни пореметувања на периферна циркулација.

Дозирање и начин на употреба

За капсулите Билобил форте се препорачува следниот режим на дозирање:

  • Пореметувања во мозочната циркулација и функција

1 капсула 2 до 3 пати на ден

  • Вртоглавица и тинитус

2 капсули на ден, 1 наутро и 1 навечер

  • Пореметена циркулација во екстремитетите

2 капсули на ден, 1 наутро и 1 навечер

Капсулите треба да се проголтаат со малку течност.

Дополнителни информации

Brand

KRKA Herbion

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.