Опис

Algoflogen – Решение за иритации со брз ефект.

Калциумот и каламинот се дел од уникатната комбинација од активни состојки во составот на оваа крема, давајќи ѝ антиинфламаторните својства.  Калциумот помага во регенерирање на епидермисот, додека каламинот, кој е смеса од цинк оксид и 0,5% железо оксид, со силно адстрингентно и умерено антисептично дејство, се користи против чешање и е погоден за третман на изгореници, сончаници, егзема, псоријаза, убоди од инсекти и сл. Каламинот ги суши папулите, но делува и навлажнувачки, а после апликацијата, брзо испарува, дава ефект на ладење.

Навлажнувачките својства на кремата АЛГОФЛОГЕН се резултат од дејството на екстрактот од алое вера, Д-пантенол (провитамин Б5), екстрактот од цвет од невен и витаминот А. Така, екстрактот од алое вера формира заштитен слој врз кожата и овозможува одржување на нејзината влажност, а поради антиоксидативната способност и нутритивните карактеристики, помага за побрзо заздравување на кожата. Д-пантенолот, пак, ја привлекува водата во горните делови на кожата, па како и витаминот А, има улога на ефикасен навлажнувач, омекнувач и регенератор на кожата. Екстрактот од невен има смирувачко и навлажнувачко дејство, што помага за третман на егзема, псоријаза и слични кожни иритации и го потпомага процесот на правилна епителизација, без ризик од појава на лузни.

Покрај ова, придружни состојки на кремата АЛГОФЛОГЕН се екстрактите од листови на еукалиптус и од корен од морков, алантоин, масло од кикиритки, бета-каротен и лимонен. Алантоинот го оневозможува губењето на водата од кожата и ги отстранува мртвите клетки од епидермисот. Екстрактот од еукалиптус делува антиинфламаторно, антифлогистички и антисептички, а бета-каротенот и екстрактот од морков се одговорни за правилна пигментација и епителизација на местото на повредата.

Сите овие растителни екстракти ја прават кремата АЛГОФЛОГЕН идеална за употреба кај деца, дури и кај новородени (пеленски дерматит, иритација од непозната причина , при сипаници, изгореници и сл.)

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.