Опис

Состав

Една пастила 2500 mg (2,5 g) содржи: активни супстанции

Ментол 5,40 mg, анетол 2,40 mg, 2,4-дихлоробензил алкохол 1,20 mg, етерично масло од питомо нане 0,60 mg.

помошни супстанции Шеќер, гликозен сируп, вода, лимонска киселина, сулфит амониа карамел Е 150d, масло од жалфија, масло од еукалиптус.

Фармацевтска форма

24 Пастили

Дејство

Д-р Тајс Анги Септ е наменет за превенција и третман на инфективно-воспалителни болести на грлото и усната шуплина и за ублажување на придружната назална конгестија. Се препорачува употреба при превенција од инфекција на грип. Комбиниран. Комбиниран локален антисептик и терапевтско средство за грлото и усната шуплина со тројно дејство – антибактериско, противвоспалително и антисептично (дезинфициентно).

Употреба

Дозирање

Возрасни и деца постари од 6 години: една пастила на секои 2-3 часа полека да се растопи во уста. Не повеќе од 6 пастили на ден.
Начин и времетраење на употреба

Оромукозална употреба. Пастилата треба постепено да се растопи во устата.
Колку долго треба да се употребува Д-р Тајс Анги Септ?

Пастилите не треба да се употребуваат подолго од 3-4 дена, без совет од лекар.

 

 

Дополнителни информации

Brand

Dr.THAIS

Рецензии

Сеуште нема препораки.


Само логираните корисници кои го купиле овој производ може да остават препорака.