Опис

Состав

Симетикон во маслиново масло, витамин А, витамин Е и коензим Q10.

Фармацевтска форма

Капки за орална употреба, маслена емулзија.

Индикации

Becutan KIDS VITS против грчеви е медицинско средство индицирано за терапија на:

  • грчеви кај бебиња, деца и кај возрасни лица;
  • гастроинтестинална подуеност;
  • диспептични нарушувања.
Дозирање и начин на употреба

Единечна доза: 20 капки од Becutan KIDS VITS против грчеви содржат 40 mg симетикон.

Возрасни лица: 20 – 40 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по оброците, 2 – 4 пати на ден или согласно со препораките од докторот.

Деца: 20 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по оброците, 1 – 3 пати на ден или согласно со препораките од докторот.

Бебиња: 20 капки, по можност растворени во течност, пожелно е да се земаат по доење или по оброк, 1 – 2 пати на ден или согласно со препораките од докторот.

Пред употреба шишето треба добро да се протресе.

Производот не треба да се користи доколку изминат повеќе од 30 дена од отворањето.

Пакување

Стаклено повеќедозно шишенце со 30 ml маслена емулзија, капалка и упатство за пациентот.

Дополнителни информации

Brand

ALAKLOID

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.