Опис

Блокмакс за деца овозможува брзо и ефикасно намалување на:
– покачена телесна температура, вклучувајќи и пирексија (покачена телесна температура) по вакцинација
– болка при растење на забите;
– други помали болки и болки при повреди.
Дозирање
Пред секоја употреба, суспензијата Блокмакс за деца треба добро да се протресе. За дозирање треба да се користи градуираната чашка.
Намалување покачена телесна температура, болка при растење на забите, други помали болки и болки при повреди.

Мали деца на возраст од 3 до 6 месеци со телесна тежина над 5 kg. Доза од 2,5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.

Мали деца на возраст од 6 до 12 месеци.          Доза од 2,5 ml може да се земе 3-4 пати во тек на 24 часа.

Деца на возраст од 1 до 3 години.                        Доза од 5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.

Деца на возраст од 4 до 6 години.                       Доза од 7,5 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.

Деца на возраст од 7 до 9 години.                       Доза од 10 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.

Деца на возраст од 10 до 12 години.                   Доза од 15 ml може да се земе 3 пати во тек на 24 часа.

Дозите треба да се даваат приближно на секои 6-8 часа. Треба да поминат најмалку 4 часа меѓу дозите.

BlokMAX kids е наменет за краткотрајна употреба.
BlokMAX kids не треба да се дава подолго од 24 часа (3 дози) на деца од 3- до 6-месечна возраст.
BlokMAX kids не треба да се дава подолго од 3 дена на деца од 6-месечна возраст или на постари.

Дополнителни информации

Brand

ALAKLOID

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.