Опис

HERBALSEPT ЛИЖАВЧИЊА

Состав

Секое лижавче содржи: екстракт од исландски лишај, екстракт од тимјан, екстракт од бел слез, аронија во прав, витамин Ц (L-аскорбинска киселина).

Останати супстанции: шеќер, гликозен сируп, регулатор на киселост: лимонска киселина, природна арома на малина, вода, боја Е120.

Фармацевтска форма

лижавчиња

Дејство

 Супстанциите во медицинското средство ХербалСепт Кидс кашлица ја обложуваат слузницата на устата и грлото со заштитен филм и ја олеснуваат кашлицата. Заштитната филм-облога што ја дава производот го спречува штетното дејство на надворешните надразнителни фактори (суви простории, ладен, сув или загаден воздух), намалувајќи ја честотата на рефлексното кашлање. Медицинското средство ХербалСепт Кидс кашлицаја подобрува влажноста на грлото овозможувајќи олеснето искашлување на секретот. Овие својства на производот ја враќаат  рамнотежата на надразнетата слузница.

Екстрактот од бел слез содржи слузи кои рамномерно ја обложуваат слузницата на устата и грлото, овлажнувајќи ја и штитејќи ја од штетното дејство на надворешните надразнителни фактори. Екстрактот од тимјан ја интензивира подвижноста на влакненцата на епителните клетки и на тој начин го подржува физиолошкото чистење на дишните патишта.

  • Ја ублажуваат кашлицата
  • Ја намалуваат честота на кашлањето
  • Го олеснува искашлувањето

Лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица се препорачуваат:

  • за олеснување на кашлица и намалување на честота на кашлањето кај деца и возрасни
  • како помош во олеснување на искашлувањето
  • како средство за заштита на слузницата на усната шуплина од надразнителни фактори
  • кај лица кои патат од сува слузокожа на устата

   Употреба

 Деца постари од 3 години: 1 лижавче не повеќе од три пати на ден.

Препорачаната доза од три лижавчиња на ден не треба да се надминува.

Употребата на лижавчињата кај деца треба да биде во присуство на возрасен.

Мерки за претпазливост и посебни предупредувања

Лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица не се наменети за употреба кај деца помали од 3 години или кај лица со позната препсетливост на некоја од супстанциите во состав на производот.

Информација за дијабетичари: Лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица содржат шеќер. Не се соодветни за дијабетичари.
Употреба на лижавчињата ХербалСепт Кидс кашлица за време на бременост и лактација

Нема достапни податоци за употребата на медицинското средство ХербалСепт

Кидс кашлица за време на брененост и лактација.

Дополнителни информации

Brand

Dr.THAIS

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.