Опис

Изопринозин сируп содржи активна состојка инозин ацедобен димепранол, кој се користи за лекување на одредени вирусни инфекции. Се смета дека функционира по принципот на стимулирање имунолошкиот систем во борбaта со вирусот.
Вашиот лекар го препишал Изопринозин за да го стимулира вашиот имунолошки систем да се бори против вирусни инфекции како што се:

  • вирусни респираторни инфекции
  • повторувачки генитален херпес
  • повторувачки херпес симплекс на усните
  • херпес зостер
  • варичела(мали сипаници)
  • морбили
  • заушки
  • хепатитис
  • генитални брадавици и други инфекции предизвикани од хуман папилома вирус (ХПВ инфекции)
  • други вирусни инфекции, како што е инфективна мононуклеоза (инфекција предизвикана од вирусот на Епштајн – Бар), инфекција предизвикана од цитомегаловирус, и субакутен склеротичен паненцефалит.

Секогаш земајте ИЗОПРИНОЗИН сируп токму онака како што вашиот лекар ви кажал. Треба да се консултирате со вашиот лекар ако не сте сигурни.
Дозата зависи од вашата телесна тежина и колку е сериозна вашата состојба. Дневната доза се дели рамномерно во текот на целиот ден.

Возрасни и постари лица:
Вообичаената дневна доза е 50 mg / kg (телесна тежина) до максимум 4 g на Инозин ацедобен димепранол на ден (обично 4 лажички, три до четири пати на ден).
Една лажичка (5 ml) сируп содржи 250 mg Изопринозин.

Деца на возраст над 1 година:

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.