Опис

АВОКАДО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО 

Иако до пред извесно време, не беше лесно, на декларацијата на козметичките производи, да се најде дека во составот има и авокадо масло, сепак неговиот исклучително богат состав како и благотворното дејство врз кожата, го прават во последниве години незаобиколна „must have“ состојка во козметичките производи. Веќе може слободно да се каже, дека маслото од авокадо е се почесто, една од основните состојки во производите за нега на кожа, лице и коса. Иако ова не е единствено растително масло кое се користи во козметичката индустрија, сепак за авокадо маслото може слободно да се каже дека е витамински концентрат, бидејќи освен што содржи мононезаситени масни киселини и протеини, особено е багото со витамини: А, Б, Ц, Д, Е и К, но и минерали: калиум, калциум, селен, железо, липиди, лецитин, каротен. Овој специфичен состав и концентрацијата на витамини, го прави исклучително отпорен на оксидација на светлина, а истотака и одличен е во борбата против слободните радикали и предвременото стареење на кожата. Одговара на сите типови кожа, но особено годи на сува и чувствителна кожа, како и на кожа склона на алергии и црвенила. Годи и за нега на нежната детска кожа. Го поттикнува клеточниот метаболизам на обновување на постојните и создавање на нови клетки, а тоа придонесува кожата да биде еластична и цврста. Има лесна текстура, брзо навлегува и комплетно се апсорбира во кожата, ја омекнува, храни, смирува и заштитува. Ефектот е мазна, сјајна и свежа кожа.

Дополнителни информации

Brand

REVOX

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.