Опис

Линекс Комплекс содржи:

Пробиотик: Lactobacillus rhamnosus GG.

Витамини: B1 (тиамин), B2 (рибофлавин), B6 (пиридоксин)

Минерал: Цинк

Млечно – киселински бактерии / Lactobacillus rhamnosus GG

Нарушувањето на рамнотежата на цревната микрофлора (дисбиоза/дисбактериоза) се манифестира со гастроинтестинални нарушувања како стомачни грчеви, надуеност, дијареја, ослабен имунолошки систем или кожни алергии како атопичен дерматит.

  • Употребата на  Lactobacillus rhamnosus GG кој го има во Линекс Комплекс е од корист за воспоставување и одржување на физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора. Големиот број на научни публикации и клинички студии за Lactobacillus rhamnosus GG укажуваат на тоа дека овој пробиотски сој може да има корисни ефекти за гастроинтестиналната и имунолошката функција, а докажано е дека истиот е безбеден и добро толериран. Поради ова, сојот Lactobacillus rhamnosus GG се препорачува од страна на многу експерти.
  • Витамини B1, B2, B6 и минерал цинк.
  • Витамините и минералите се важни за нашата добросостојба и функционирањето на нашето тело. Количеството на витамини и минерали во нашето тело се намалува доколку имаме сиромашна диета, доколу телото има зголемени потреби или доколку има нивен голем губиток.Дехидратацијата и недостатокот на содржаните (или некои други) витамини и минерали предизвикува, покрај другите симптоми, и замор и истоштеност, недостаток на енергија и слабеење на имунолошкиот систем.

    Горенаведените витамини и минерали придонесуваат за:

    • одржување на нормални мукозни мембрани (B2),
    • нормален метаболизам на макронутриенти, јаглехидрати, масни киселини и ацидо-базен метаболизам (Zn),
    • нормална синтеза на протеини (Zn),
    • нормално ослободување на енергија во процесот на метаболизам (B1, B2, B6),
    • намалување на замор и истоштеност (B2, B6),
    • нормални психолошки функции (B1, B6),
    • нормална функција на имунолошкиот систем (B6, Zn),
    • заштита на содржината на клетките од оксидативно оштетување (B2, Zn).

      Како да го употребувате Линeкс Комплекс

      Линекс Комплекс  е наменет за возрасни и деца над 6 годинипрепорачаната дневна доза изнесува 1-2 капсули на ден.

Дополнителни информации

Brand

LEK

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.