Опис

Чиста магнезиумска сол во вода!

Дерматолозите се свесни: магнезиумот е корисен како за вашиот организам, така и за вашата кожа. Овој смирувачки и заштитувачки микроелемент сега е достапен во ултрависоки концентрации во спреј.

  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА MAGNESIUM MIST

Во Novexpert, науката ги диктира нашите избори кога се работи за креирањето на производите за нега. Магнезиумскиот спреј е совршен пример. По анализирањето на научните истражувања за магнезиумот, нашиот експертски тим посака да развие универзален производ за нега: магнезиум за сите.

Производ за нега во форма на спреј се чинеше како најповолен начин, да се искористат сите бенефити на магнезиумот: смирување, хидратација и заштита од загадување. По 3 години развој и истражувања, производот „се роди“. Зад сцената, голема концентрација на природен магнезиум од Мртво Море, комбиниран со ултрачиста вода. За оптимални резултати, употребената вода е физиолошка и изотонична, односно со иста концентрација на минерални соли како вашите солзи.

Оваа уникатна особина гарантира хидратација при идеален биоафинитет со вашата кожа: ултрасмирувачки, против загадувачки и антиоксидантни резултати.

Бројка – 1500

Речиси 1500 мг. магнезиумска сол: веројатно една од највисоките концентрации на магнезиум во еден козметички производ, можеби и највисоката во светот.

РЕЗУЛТАТИ:

ХИДРАТАЦИЈА*

4х четири пати поголема хидратација во надворешните епидермални слоеви.

СМИРУВАЧКИ ЕФЕКТ**

-27% посмирена кожа веднаш по првата употреба.

ЕФЕКТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ**

-40% попрочистена кожа веднаш по првата употреба.

*Тест изведен од независна лабораторија. Корнеометриски мерења, 11 волонтери.
**Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултати.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Држете на 30 см. од лицето, затворете ги очите и прснете 2-3 пати за да го покриете целото лице. Оставете го 10 секунди да делува, потоа исушете го. Може да се користи:

  • За смирување на кожата
  • Како тоник по чистење и/или отстранување на шминка
  • Како освежувач за кожата
  • За фиксирање на шминка

Дополнителни информации

Brand

NOVEXPERT

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.