Опис

MUCOPLANT Добра ноќ

Состав:      

Стабилизатори: сорбитол-, малтитол- сируп; вода; естракт од лист од теснолистен тегавец 1:1 (4,5 %) (Plantago Lanceolata L.; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет и лист од тимјан 1:5 (0,3 %) (Thymus vulgaris L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); екстракт од цвет од камилица 1:7 (0,3 %) (Chamomilla recutita L.; материја за задржување на влага: глицерол; вода; конзерванс: калиум сорбат); згуснувач: ксантан гума; витамин Ц (аскорбинска киселина); конзерванс: калиум сорбат; арома: анасон; екстракт од билката од маточина 4,3-5,2:1 (0,05 %) (Melissa officinalis L., малтодекстрин). Содржи сулфур диоксид.

Фармацевтска форма

Сируп.

Дејство

Мукоплант тегавец Добра ноќ е сируп за перорална употреба. Придонесува за олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и за одржување на нормален сон. Екстрактите од теснолистен тегавец (Plantago lanceolata), тимјан (Thymus vulgaris) и камилица (Chamomilla recutita) придонесуваат за олеснување на дразнењето на горните дишни патишта. Екстрактот од маточина (Melissa officinalis) на природен начин помага во релаксирање и опуштање и овозможува одржување на нормалниот сон. Витаминот Ц (аскорбинската киселина) придонесува за нормалната функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.

Употреба

Начин на употреба За перорална употреба (се пие). Вообичаено дозирање – деца од 4-6 години: ½ чајна лажичка (2,5 ml) три пати на ден, – училишни деца: 1 чајна лажичка (5 ml) три пати на ден. – возрасни: 1 супена лажица (15 ml) три пати на ден. Мукоплант тегавец Добра ноќ, може да се зема и преку ден и навечер за олеснување на дразнењето на горните дишни патишта и одржување на нормален сон, но не повеќе од 6 пати во текот на 24 часа. Доколку преку ден земате друг сируп (на пр. сирупот Мукоплант тегавец) препорачливо е ноќната доза да ја замените со соодветната единечна доза од Мукоплант тегавец Добра ноќ. Вкупно, дозирањето не треба да е повеќе од 6 пати во тек на 24 часа. Не се препорачува континуирана употреба подолго од 1 недела. Ве молиме да се придржувате до препорачаните дневни дози. Ако сте употребиле повеќе од препорачаното Ако сте зеле поголема доза од препаратот отколку што треба, веднаш посоветувајте се со Вашиот лекар/фармацевт. Нема податоци за предозирање. Евентуалната прекумерната употреба, може да има лаксантивно дејство. Ако сте заборавиле да го употребите граничниот производ Мукоплант тегавец Добра ноќ Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продожете со вообичаеното дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.

Пакување

Темно стаклено шише x 100 ml/кутија; темно стаклено шише x 250 ml/кутија.

Дополнителни информации

Brand

Dr.THAIS

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.