Опис

Rhinostop сируп содржи три активни состојки – парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин чии што делувања меѓусебно се помагаат.

Парацетамол ублажува болки и намалува покачена телесна температура.

Псеудоефедрин е назален деконгестив. Делува на малите крвни садови во слузницата и носот предизвикувајќи нивно стеснување што доведува до спречување на прекумерно излачување на секрет од носот и ги ублажува симптомите на воспаление на слузницата на носот и синусите.

Хлорфенамин со своето антихистаминско делување ја намалува затнатоста, течењето од  носот како и солзењето и пецкањето на очите.

Во случај да со примена на едноставни мерки на лечење не се постигне соодветно олеснување на симптомите кај деца постари од 6 години се применува Rhinostop сируп за ублажување на симптомите на настинка, грип или алергиски ринит како што се:

  • зголемена секреција од нос ,
  • кивање,
  • затнатост на носот и синусите,
  • црвенило на нос и очи ,
  • чувство на пецкање и солзење на очите,
  • главоболка,
  • болка во пределот на синусите,
  • болно грло,
  • болка во мускулите и зглобовите,
  • покачена телесна температура,
  • општа слабост и сл.

Дополнителни информации

Brand

BOSNALIJEK

Критики

Нема критики сеуште.


Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.