- Опис
- Дополнителни информации
- Прегледи (0)
Опис
Линекс Јуниор е пробиотик кој содржи млечнокиселински бактерии (Bifidobacterium animalis subsp. lactis, CHR.HANSEN BB-12TM), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора, пред сè, кај новороденчиња и деца.
Содржина на пакувањето: кутија со 10 ќесички со 1,5 g прашок за перорална суспензија.
Линекс Јуниор е наменет да се употребува кај новороденчиња и деца на возраст до 12 години:
- за воспоставување и одржување на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора,
- како превентивен и дополнителен третман при пролив, надуеност и други стомачни нарушувања предизвикани од:
- вирусни и бактериски желудочно-цревни инфекции (на пример, ротавирус-инфекции);
- лекување со антибактериски лекови (антибиотици и други синтетички антибактериски лекови).
Дозирање и времетраење на употреба:
Новороденчиња и деца до две години: една ќесичка еднаш на ден.
Деца од две до 12 години: една ќесичка еднаш до два пати на ден (на пример, наутро и навечер).
Дополнителни информации
Brand | LEK |
---|
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.