- Опис
- Дополнителни информации
- Прегледи (0)
Опис
Rhinostop сируп содржи три активни состојки – парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин чии што делувања меѓусебно се помагаат.
Парацетамол ублажува болки и намалува покачена телесна температура.
Псеудоефедрин е назален деконгестив. Делува на малите крвни садови во слузницата и носот предизвикувајќи нивно стеснување што доведува до спречување на прекумерно излачување на секрет од носот и ги ублажува симптомите на воспаление на слузницата на носот и синусите.
Хлорфенамин со своето антихистаминско делување ја намалува затнатоста, течењето од носот како и солзењето и пецкањето на очите.
Во случај да со примена на едноставни мерки на лечење не се постигне соодветно олеснување на симптомите кај деца постари од 6 години се применува Rhinostop сируп за ублажување на симптомите на настинка, грип или алергиски ринит како што се:
- зголемена секреција од нос ,
- кивање,
- затнатост на носот и синусите,
- црвенило на нос и очи ,
- чувство на пецкање и солзење на очите,
- главоболка,
- болка во пределот на синусите,
- болно грло,
- болка во мускулите и зглобовите,
- покачена телесна температура,
- општа слабост и сл.
Дополнителни информации
Brand | BOSNALIJEK |
---|
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.