- Опис
- Дополнителни информации
- Прегледи (0)
Опис
Линекс Комплекс содржи:
Пробиотик: Lactobacillus rhamnosus GG.
Витамини: B1 (тиамин), B2 (рибофлавин), B6 (пиридоксин)
Минерал: Цинк
Млечно – киселински бактерии / Lactobacillus rhamnosus GG
Нарушувањето на рамнотежата на цревната микрофлора (дисбиоза/дисбактериоза) се манифестира со гастроинтестинални нарушувања како стомачни грчеви, надуеност, дијареја, ослабен имунолошки систем или кожни алергии како атопичен дерматит.
- Употребата на Lactobacillus rhamnosus GG кој го има во Линекс Комплекс е од корист за воспоставување и одржување на физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора. Големиот број на научни публикации и клинички студии за Lactobacillus rhamnosus GG укажуваат на тоа дека овој пробиотски сој може да има корисни ефекти за гастроинтестиналната и имунолошката функција, а докажано е дека истиот е безбеден и добро толериран. Поради ова, сојот Lactobacillus rhamnosus GG се препорачува од страна на многу експерти.
- Витамини B1, B2, B6 и минерал цинк.
- Витамините и минералите се важни за нашата добросостојба и функционирањето на нашето тело. Количеството на витамини и минерали во нашето тело се намалува доколку имаме сиромашна диета, доколу телото има зголемени потреби или доколку има нивен голем губиток.Дехидратацијата и недостатокот на содржаните (или некои други) витамини и минерали предизвикува, покрај другите симптоми, и замор и истоштеност, недостаток на енергија и слабеење на имунолошкиот систем.
Горенаведените витамини и минерали придонесуваат за:
- одржување на нормални мукозни мембрани (B2),
- нормален метаболизам на макронутриенти, јаглехидрати, масни киселини и ацидо-базен метаболизам (Zn),
- нормална синтеза на протеини (Zn),
- нормално ослободување на енергија во процесот на метаболизам (B1, B2, B6),
- намалување на замор и истоштеност (B2, B6),
- нормални психолошки функции (B1, B6),
- нормална функција на имунолошкиот систем (B6, Zn),
- заштита на содржината на клетките од оксидативно оштетување (B2, Zn).
Како да го употребувате Линeкс Комплекс
Линекс Комплекс е наменет за возрасни и деца над 6 години: препорачаната дневна доза изнесува 1-2 капсули на ден.
Дополнителни информации
Brand | LEK |
---|
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.